Најмалку 40 луѓе се убиени во воздушен напад на коалицијата предводена од САД, на последниот дел од територијата што е под контрола на Исламска држава, во источниот дел на Сирија. Во нападот поголем дел од убиените се жени и деца, пренесува АП.
За нападот информираа сириски државни медиуми, како и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.
Според информациите, цел на нападот било селото Абу ел Хосн, кое е под контрола на екстремистите во источната сириска провинција Деир Езор, близу границата со Ирак, рекл директорот на сириската Опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман. Тој рекол дека се убиени најмалку 43 луѓе, вклучетелно 17 деца и 12 жени.
Според него, не е јасно дали убиените мажи во нападот биле екстремисти.
Сириската државна агенција „Сана“ исто така информира за нападите, наведувајќи дека во нив загинале 40 луѓе.
Меѓународната коалиција која нагласува дека вложува големи напори да избегне цивилни жртви, веднаш не одговорила на барањето да ги коментира наводите за нападот, пренесе АП.