Свет 25. април 2020. / 23:15

Над 100 уапсени демонстранти на протестите во Берлин

Над 100 уапсени демонстранти на протестите во Берлин

Германската полиција се судри денес со демонстрантите, кои повторно протестираа во центарот на Берлин против рестриктивните мерки околу епидемијата на коронавирус.

Германската полиција објави на Твитер дека уапсила повеќе од 100 лица.

Демонстрантите извикуваа „Го сакаме животот “ и носеа транспаренти на кои пишува „Заштита на уставните права“.

Локалните медиуми објавија дека околу илјада луѓе се собрале на плоштадот ,,Роза Луксембург” .