Свет 06. јуни 2018. / 19:37

Над 100 пожарникари го гаснат пожарот кој зафати хотел во Лондон

Над 100 пожарникари го гаснат пожарот кој зафати хотел во Лондон

Повеќе од 100 пожарникари интервенираат во голем пожар кој што зафати хотел во Лондон, соопштија лондонските градски служби. На социјалните медиуми се појавија фотографии од чад како се издигнува на небото над хотелот „Мандарин Ориентал“. Пожарот во луксузниот хотел е пријавен околу 16 часот по локално време.

Улиците околу хотелот се затворени,а причините за пожарот се се уште непознати.
На местото на настанот интервенирале повеќе од 20 возила и околу 120 пожарникари, во обид да го изгаснат огнот на последниот кат во хотелот.Од хотелот потврдија дека има пожар, а повеќе информации најавија по справувањето со ситуацијата. Улиците околу хотелот се затворени за сообраќај, а прекин има и во јавниот сообраќај.