Осомничениот за масновното пукање во синагогата во Питсбург, каде минатиот викенд загинаа 11 лица, е обвинет за вкупно 44 точки, наместо првобитните 29, соопштија федералните обвинители.
Обвинението против Роберто Бауерс, за нападот кој претставува најпогубен врз Евреите во САД во новата историја, опфаќа обвиненија за злосторство од омраза кон верници, за употреба на огнено оружје и за нанесување на повреда на полицајци, пренесува Ројтерс.
Осомничениот треба да се појави на второто рочиште во федералниот суд во Питсбург во четврток.
Инаку Бауерс влетал во синагогата и отворил оган велејќи „сите Евреи мора да умрат“.