Свет 10. ноември 2019. / 20:26

На Турција и се закануваат нови санкции од САД поради ракетниот систем C-400

На Турција и се закануваат нови санкции од САД поради ракетниот систем C-400

„Американскиот Конгрес е подготвен економски да ја казни Турција“, кажа советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан.

На Турција ѝ се закануваат санкции од американскиот Конгрес поради купувањето на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400, а претседателот на САД, Донад Трамп на Турците ќе им соопшти дека таквото купување е неприфатливо за време на посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Вашинготн следната недела, изјави американскиот советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан, пренесе „Србија данас“.

Американскиот Конгрес е подготвен економски да ја казни Турција, доколку таа не отстапи од купувањето на руски ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 – соопшти советникот за национална безбедност на Трамп, О’Брајан.

Бевме многу незадоволни со тоа. Ако Турција не се ослободи од системот С-400, Конгресот најверојатно ќе воведе санкции во склад со Законот за борбата против непријателите на Америка по пат на санкции (т.н закон CAATSA), со големо мнозинство од двете партии, и Турција ќе ги почувствува овие санкции. Јасно му рековме на претседателот Ердоган дека нема место за С-400 во НАТО, ниту за значајно купување на руско вооружување. Претседателот Трамп тоа ќе му го соопшти (на Ердоган) многу јасно кога ќе дојде во Вашингтон – рече О’Брајан за телевизијата Си-Би-Ес.