Свет 07. јуни 2018. / 11:14

На Хаваите исчезнати цели села, нова земја се створи

На Хаваите исчезнати цели села, нова земја се створи

Поради најновата ерупција на вулканот на Хаваите потполно е уништена населена област во близина на хавајскиот Голем остров.

Заливот кој се наоѓаше мешу тие области и Големиот остров претворен е во нова земја.

Таа област сега е прекриена со вулкански карпи, а само неколку куќи преживеаја на една од плажите Капохо, соопштија надлежните од американскиот Геолошки институт, пренесе АП.

Врз основа на документи, утврдено е дека во таа област имало 279 куќи.

„Областа потполно исчезна и нема никакви докази за какви било кучи. На севет од таму, останаа само неколку кучи во областа околу плажата Капохо“, соопштија од Институтот.

Научниците и понатаму бележат активност на вулканот и наведуваат дека не е можно да кажат кога ќе сопре.

Активностите на вулканот дополнително се зајакнати од земјотресот со јачина од 5,6 степени по Рихтер, што дополнително ги зголеми количините лава.