Свет 05. мај 2018. / 21:28

На Хаваи луѓето се евакуираат, земјотреси распукаа патишта (ФОТО+ВИДЕО)

На Хаваи луѓето се евакуираат, земјотреси распукаа патишта (ФОТО+ВИДЕО)

Стотици жители се евакуирани на Хаваите, по повеќето силни земјотеси кои ги потресоа островите, од кои еден со јачина од 6,9 степени.

Претходно, на островот дојде и до ерупуција на вулканот Кила-уеа, кој исфрли лава, пепел и отровни гасови. Кила-уеа, еден од најактивните вулкани во светот, и еден од петте на островот, е постојано активен во последните 35 години. последната ерупција почна во четвртокот и продолжи вчера, принудувајќи две области, со околу илјада и 700 жители да се евакуираат.

На Хаваи е прогласена вонредна состојба. Штетата е огромна. На социјалните мрежи се појавија видеа од земјотресите.