Свет 10. ноември 2018. / 12:15

Морничави детали за убиството на Кашоги: Парчињата од телото ги растопиле во киселина

Морничави детали за убиството на Кашоги: Парчињата од телото ги растопиле во киселина

Нови морничави детали соопштија турските истражни органи во врска со бруталното убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Убијците на Кашоги, кои брутално го убиле на 2 октомври во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, го задавиле новинарот, неговото тело го распарчиле, потоа парчињата ги растопиле во киселина, за на крај да ги исфрлат остатоците во канализација.

Деталите денеска ги објави турскиот весник ,,Сабах”, повикувајќи се на извори од истрагата. Tоа било утврдено со испитување на примероци земени од канализацискиот систем во резиденцијата на саудискиот конзул.

Властите во Саудиска Арабија негираа поврзаност со убиството, но конечно под притисок на меѓународната заедница признаа дека Кашоги го убиле, но без одобрение од кралското семејство во Ријад.