Свет 22. ноември 2018. / 15:53

Могерини: ЕУ е загрижена поради притворањето академици и активисти во Турција

Могерини: ЕУ е загрижена поради притворањето академици и активисти во Турција

Шефицата за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, изрази силна загриженост поради, како што рече, продолжниот притвор на академици и активисти во Турција.

Говорејќи на прес-конференцијата по разговорите со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, Могерини исто така повика на ослободување од затворањето на прокурдскиот лидер Селахатин Демиртас во согласност со пресудата на Европскиот суд за човекови права.