Ревизорскиот суд на Европската Унија го критикуваше неефикасното користење на милијарди евра испратени во Турција за барателите на азил, велејќи дека речиси половина од предложените проекти не ги постигнале очекуваните резултати, пренесува „Брејтбарт“.
Како дел од мигрантскиот пакт на ЕУ со Турција потпишан во март 2016 година, Турција доби шест милијарди евра за барателите на азил и за финансирање хуманитарни проекти.
Ревизорскиот суд тврди дека неколку од планираните проекти, особено за безбедноста и за образованието, не се ни близу до стандардот на кој се надевале и дека дадените пари не се искористени соодветно, објави „Кронен цајтунг“.
-Судот утврди дека приоритетите во локалната инфраструктура и социоекономската поддршка не биле доволно исполнети- се вели во извештајот и се додава дека Европската комисија одговорна за проектот не работела доволно со турските колеги на ова прашање.
Во извештајот, исто така, се критикува нњедостигот од напредок во внесувањето на сириските бегалци на турскиот пазар на трудот. Според извештајот од 2016 година, некои Сиријци биле принудени да работат во сивата економија во Турција како виртуелна работна сила, работејќи 12 часа шест дена во неделата за помалку од минималната плата.
Досега, три милијарди од вкупно шест милијарди евра се потрошени за проекти наменети за помош на Турција откако земјата презеде околу 3,6 милиони Сиријци за време на миграциската криза.
Наодите од Ревизорскиот суд доаѓаат еден месец откако извештајот објавен од Атлантскиот совет ја повика Турција да спроведе реформи, тврдејќи дека само 25.000 од 1,5 милиони Сиријци кои имаат право на дозвола за работа добиле таква дозвола.
Мигрантскиот договор ЕУ-Турцијабеше под закана неколкупати во изминативе две години, поради заканите од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој се закани и им дозволи на сириските мигранти да влезат во Европа.