Американскиот магнат Елон Муск кажал дека со задоволство би помогнал во спасување на тајландскиот јуниорски фудбалски тим.
Оваа потврда од милијардерот следи откако корисник на Твитер побарал помош од неколку познати богаташи, за спасување на тренерот и 12 играчи кои се заглавени во поплавена пештера.
„Претпоставувам дека тајландската влада држи се под контрола, но со задоволство би помогнал доколку постои начин за тоа“, пишал Муск.
Во тек е поставување на телефонска линија за децата да можат да стапат во контакт со семејството, а се уште како најдобра опција за спасување е нуркањето со професионални нуркачи. Патот до блокираната група трае 11 часа, односно 6 часа да се стигне до нив и 5 да се излезе од пештерата, а утриннава се удави и еден од волонтерите кои носел боци со кислород, а на враќање се удавил во пештерата.