Свет 13. мај 2020. / 15:44

Меркел: За да може да извезува, Германија мора да им помогне на другите членки на ЕУ со кризата

Меркел: За да може да извезува, Германија мора да им помогне на другите членки на ЕУ со кризата

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбата со пратениците од нејзиниот политички блок, порача дека Германија мора да им помогне на своите соседи во Европската унија да ги обноват економиите откако ќе заврши кризата со корона вирусот.

Според неколкумина учесници на состанокот, Меркел истакнала дека за Германија, како земја извозник, е клучно нејзините партнери во Унијата да напредуваат, осврнувајќи се на разговорите за програмата за закрепнување на ЕУ, чии обем и финансирање сè уште не се дефинирани.

Никому не е во интерес само Германија да биде силна – истакна Меркел.

На средбата, Меркел се согласила со шефот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Ралф Бринкхаус, дека Германија ќе мора да трансферира значително повеќе финансиски средства во Брисел, а за одлуката за таа помош да биде вклучен и Бундестагот.

Бринкхаус претходно изјави дека Германија сака да им помогне на своите партнери од ЕУ, но дека мора да знае за што ќе бидат искористени тие средства.

Според очекувањата, следната недела Европската комисија треба да претстави ревидиран предлог буџет.