Свет 14. септември 2018. / 22:03

Меркел: Санкциите кон Русија остануваат се додека нема вистински мир во Украина

Меркел: Санкциите кон Русија остануваат се додека нема вистински мир во Украина

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денес изјавила дека санкциите за Русија нема да бидат укинати додека не се постигне вистинско примирје во Украина.

Во обраќањето на состанокот со лидерите на балтичките земји во главниот град на Литванија, Вилнус, Меркел рекла дека “враќањето на мирот и територијалниот интегритет на Украина” остануваат цел на ЕУ.

Таа рекла дека нема да се расправа за укинување на санкциите за Русија додека не се примени мировниот договор постигнат во Минск, Белорусија, во 2015. година. Германија и Франција посредувале во постигнување на договорот за ставање на крај на насилствата во источна Украина, но повеќето негови одредби и натаму се неисполнети.

Меркел се наоѓа во посета на Литванија да разговара за прашањата на дневниот ред на ЕУ пред самитот на Унијата во Салцбург во Австрија идната седмица.

Таа исто така треба да ги посети германските војници распоредени во Литванија во рамките на силите на НАТО.