Канцеларката на Германија, Ангела Меркел сака во блиска иднина да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон за да разговатаат за брегзит и други прашања од заеднички интерес, изјави денеска портпаролот на германската Влада.
–Средбата би требало да се одржи наскоро – рече портпаролот Штефен Зајберт, без да го прецизира датумот на состанокот, пренесе агенцијата АП.
Двајцата лидери ќе присуствуваат на Самитот Г7 во Франција, кој ќе се одржи од 24 до 26 август.