Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговарале за можните решенија за ситуацијата во Либија. Тол телефонски разговор бил на иницијатива на германскта страна, информираше официјален Кремљ.
Двајцата лидери ја потенцирале важноста од превенција на натамошна ексалација на тензиите, како и потребата да се продолжи дојалогот за постигнување мир.
– Путин повторно ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи да посредува со цел да се олеснат напорите на Германија и ОН во тој процес – се наведува во соопштението од Кремљ.