Свет 26. јуни 2018. / 16:14

Маж со нож усмртил полицајци, а потоа тргнал во напад на основно училиште

Маж со нож усмртил полицајци, а потоа тргнал во напад на основно училиште

Во полициска станица во Јапонија засега неидентификуван маж со нож усмртил двајца полицајци,ги земал нивните пиштоли и тргнал да убие припадник на обезбедување во блиското основно училиште.

Полицијата соопштила дека осомничениот кој веќе е уапсен после нападот, ранил друг полицаец.

Мотивот за нападот засега не е познат. Наставниците го заклучиле главниот влез после нападот и сите деца ги внеле во училиштето.

Во Јапонија има низок степен на криминал, но во последно време се случија серија напади со нож.