Свет 17. септември 2018. / 11:09

Масовна тепачка во Лутон: Користеле киселина, повеќе лица избодени (ВИДЕО)

Масовна тепачка во Лутон: Користеле киселина, повеќе лица избодени (ВИДЕО)

Млади лица се степаа на улиците на Лутон, Англија. По тепачката седум лица се хоспитализирани, од кои едно е во критична здравствена состојба.

На Фејсбук беше објавено дека во Лутон се случил напад со киселина, објави „Индепендент“. Полицијата засега не ја потврди таа информација, но соопшти дека повеќе лица биле избодени и воедно ги повика сите сведоци да се јават поради расчистување на случајот, јави Би-Би-Си.

На видео снимки објавени на социјални мрежи се гледа тепачка меѓу групи млади луѓе на улица.