Група маскирани напаѓачи со боја и запалени автомобилски гуми ја нападнаа куќата на германскиот заменик-канцелар и министер за финансии, Олаф Шолц, во Хамбург, соопшти денеска германската полиција.
-Група од десетина маскирани напаѓачи најпрво пред куќата во која се наоѓа станот на вицеканцеларот Шолц, запалиле автомобилски гуми, а потоа кон куќата фрлале стаклени шишиња исполнети со црна боја, наведува полицијата во Хамбург.
–Напаѓачите во моментов се во бегство, пренесе агенцијата „Хина“.
Шолц е на мета на левичарските екстремисти поради острата политика кон демонстрантите, кои минатата година предизвикаа немири за време на Г-20 самитот одржан во Хамбург.
Куќата на Шолц е под постојана заштита на полицијата само кога министерот е во Хамбург.