Свет 14. март 2019. / 10:27

Мас: Лондон покажа знаци на разум

Мас: Лондон покажа знаци на разум

Германските власти ја поздравија синоќешната одлука на британскиот Парламент за неприфаќање излез на Велика Британија од Европската унија без претходно постигнат договор за идните односи.

– Лондон покажа знаци на разум. Долниот дом испрати јасна порака дека во најмала рака не сака Брегзит без договор- изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Мас на Твитер истакна дека Брегзит без договор не би му бил од корист никому.

– Сега британската страна треба да каже што сака за да го заклучиме тој договор. Времето поминува-порача Мас.