Свет 28. октомври 2019. / 16:23

Мароканските власти спречија терористички напад во Казабланка, уапсени шест лица

Мароканските власти спречија терористички напад во Казабланка, уапсени шест лица

Разбиена е терористичка келија верна на Исламска држава која планирала минатата недела да изврши напади во Казабланка, изјави денеска шефот на мароканската безбедносна агенција, Абделхак Хиаме.

Тој рече дека мета на групата биле економски осетливи места во Казабланка, меѓу нив и пристаништето и додаде дека џихадистите биле на возраст од 19 до 27 години, кои пак биле радикализирани, пренесува Ројтерс.


Хаиме претпоставува дека оваа келија е една од последните која ветила верност кон водачот на ИСИС, Абу Бакар ал Багдади, пред да биде убиен во специјална американска операција на североападот на Сирија.

Мароканската полиција соопшти дека уапсила шест екстремисти во близината на Казабланка и дека во моментот на апсењето во себе носеле оружје, материјале за подготовка на бомби, чамци на надувување, опрема за нуркање и навигација.

– Водачот на келијата планирал да се придружи на ИД во Сахел, дел од Сахара во Западна Африка, но не успеал во тоа, рече Хаиме кој додаде дека потоа добил инструкции да изврши напад во Мароко, а дека неименуван Сириец ќе му даде логистичка поддршка.