Махатир Мохамед, со своите 92 години, ќе стане најстариот премиер на светот откако неговата коалиција победи на изборите во Малезија.
По прогласување на победата Мохамед порача дека мора веднаш да се формира Влада и инсистира уште денеска да положи заклетва на функцијата.