Лондонскиот аеродром Гетвик вечерва ги откажа сите летови поради проблеми со контролата на летање во контролната кула. Поради ова, стотици патници останаа без транспорт.
–Поради проблеми со системите за контрола на летање во контролната кула на Гетвик, летовите во моментов се откажани– пишува на Tвитер профилот на аеродромот.
Агенцијата „Ројтерс“ известува дека авионите кои треба да слетаат се пренасочуваат кон другите аеродроми во Лондон.
–Работиме со ANS, нашиот оператор за контрола на воздушниот сообраќај, за да го решиме проблемот што е можно поскоро. Се извинуваме и ги советуваме нашите патници да ги проверуваат информациите за летовите со нивните авиокомпании – со додава во официјалното соопштение.