Свет 16. јануари 2020. / 12:00

Лондон одобри две милијарди фунти помош за Северна Ирска

Лондон одобри две милијарди фунти помош за Северна Ирска

Британската Влада одобри финансиска помош за Северна Ирска во висина од две милијарди фунти (2,3 милијарди евра).

Како што изјави британскиот министер одговорен за Северна Ирска, Џулијан Смит, најавената помош е предвидена за подобрување на јавните услуги.

– Тоа финансирање дава безбедност…Таа инекција од 2,3 милијарди фунти од Лондон ќе помогне за реформи во јавните служби во Северна Ирска, како и за реформите на полето на здравствените услуги, образование и судството – изјави Смит.

Севеврна Ирска, која е економски најнеразвиен дел од Обединетото Кралство, со обнова на работата на Паралментот и именување влада, во саботата воспостави политички институции по три години политичка парализа.