Свет 01. февруари 2020. / 11:30

Лондон ја напушти ЕУ, највидливата промена е во Брисел – што ќе се случи следно?

Лондон ја напушти ЕУ, највидливата промена е во Брисел – што ќе се случи следно?

За прв пат, после полноќ, европското семејство, наместо повеќедецениското постојано проширување, се соочи со заминување на една од најстарите членки. После 47 години, Велика Британија ја напушти Европската унија.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја поздрави „зората на новата ера“, додека Брисел на Лондон му нуди „најдобро можно партнерство“, но никогаш како порано. Опцијата за „останување“ повеќе не постои доколку Лондон би посакал повторно да се приклучи на ЕУ ќе мора повторно да се пријави за членство и преговори, но сега по нови правила.

Моментот на разделба, за повеќето луѓе, како во Британија, така и во земјите на ЕУ, не донесе трауми, бидејќи моментално нема да има промени. До крајот на периодот на преминување, најмалку 11 месеци, додека Брисел и Лондон не ги испреговараат односите, правилата на ЕУ, кога станува збор за единствениот пазар и царинската унија и понатаму важат.

Граѓаните на островот и ЕУ ќе може да патуваат, работат, примаат пензии, користат здраствени книшки, дури и пасошите за домашните миленичиња како до сега. Трговски бариери нема да се креваат, а Британија ќе продолжи да уплатува пари во Европскиот буџет.

Највидливата промена е во Брисел – заминување на претставниците од Лондон од институцијата ЕУ. Третина од 73 места на британските пратеници во Европскиот парламент ќе бидат прераспределени помеѓу земјите членки на унијата. Но, вкупниот број на пратеници во Европскиот парламент ќе биде намален. Лондон повеќе нема да има претставници ни во Европскиот суд на правдата ниту во Европскиот совет. Британското знаме ќе биде отстрането од институциите на ЕУ.

На островот прв знак за одвојувањето се околу три милиони  ковани пари од 50 пени со датумот „31 јануари“ и натписот „Мир, благосостојба и пријателство со сите народи“. Се менува и бојата на британскиот пасош. После повеќе од 30 години, повторно ќе биде син, со елементи на златна боја, додека постоечкиот, бордо, и понатаму важи.

Државните службеници кои ја преговараа разделбата со ЕУ си заминуваат, а во нивните столчиња седнуваат нови преговарачи за трговските односи со Брисел. Дури откако договорот ќе биде постигнат, веројатно на крајот од оваа година, почнува вистинскиот „брегзит“.

Лондон веќе ги испреговара постоечките трговските ЕУ договори со дваесетина земји и трговски блокови. Британија може да склучува трговски договори со други земји со кои ЕУ нема договори, но се уште не може да ги применува.

Од рафтовите во самопослугите исчезнаа речиси сите европски производи, а ги заменија артикли од Комонвелтот или Јужна Америка.

Џонсон го нарече „брегзит“ „момент на вистинска национална обнова и промена“.

– Ова не е крај, туку почеток. Ова е момент на нова состојба, а завесата се крева за почеток на нов чин. Тоа е момент на вистинска национална обнова и промена, порача британскиот премиер.

Каква ќе биде националната обвнова, времето ќе покаже. Во петок во Единбург, шкотската влада, голем противник на „брегзит“, две свои згради ги осветли во боите на знамето на ЕУ, а премиерката Никола Старџент вети дека „се ќе направи“ како би организирала нов референдум, и покрај противењето на Лондон.

– За многумина ова е ден на вистинска и длабока тага. Таа тага е исполнета со бес, рече шкотската премиерка неколку часа по официјалното напуштање на Британија на ЕУ.