Бројот на загинати во земјотресот кој го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 436, а причинета е материјална штета која се проценува на стотина милиона долари.
Најголем дел од жртвите во катастрофалниот земјотрес од 7 степени, починале при рушење на згради, изјавиле официјалните лица.
Властите во Индонезија посочуваат дека во земјотресот се оштетени многу куќи, како и инфраструктура, а материјалната штета изнесува најмалку 342 милиони долари.
Околу 350.000 жители на Ломбок се приморани да ги напуштат своите домови.