Свет 17. ноември 2019. / 08:15

Кувајтската влада поднесе оставка поради кражба на 800 милиони долари

Кувајтската влада поднесе оставка поради кражба на 800 милиони долари

Кувајтскиот секретар за одбрана Шеик Насер Сабах ал Ахмад ас Сабах најави дека од ковчезите за воена помош се  украдени околу 800 милиони долари. Според него, оваа афера доведе до неодамнешна оставка на владата, пренесува БТА.

Насер тврди дека присвојувањето на 240 милиони кувајтски динари (789 милиони американски долари) се случило пред тој да стапи на функцијата во  министерството во 2017 година. Тој понатаму рече дека, пред да поднесе оставка, ги доставил до судските органи сите материјали од внатрешната истрага за случајот.

Насер додаде дека залудно барал објаснувања за неправилностите од премиерот и министерот за внатрешни работи.

„Ова е главната причина за оставката на владата“, увери тој.