Маж од Пондер, Тексас пукал во неговата поранешна сопруга, нивните три деца и нејзиното момче, а потоа се самоубил.
Крвавиот инцидент го преживеа само поранешната сопруга, Аманда Ли Симпсон, која е пренесена во болница.
Трагедијата се случила вчера наутро, откако инцидентот првично бил пријавен во полиција како провала.
Кога полицајците стигнале во куќата, ги нашле телата на напаѓачот, 39-годишниот Џастин Пејнтер од Форт Ворт и 29-годишниот Сет Ричардсон од Ланкастер, момчето на Симпсон, и трите деца.
Полицијата не соопшти на која возраст биле убиените деца кои според Facebook профилот на Пејнтер медиумите ги идентификуваа како Кејденс Никол, Дрејк Александер и Один Тајлер Пејнтер.
Истрагата е во тек за да се утврди мотивот за убиствата.