Свет 09. септември 2019. / 18:44

Кристалина Георгиева единствен кандидат за функцијата директор на ММФ

Кристалина Георгиева единствен кандидат за функцијата директор на ММФ

Бугарската претставничката, Кристалина Георгиева е единствениот кандидат за функцијата генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се наведува во денеска објавеното соопштение на Извршниот совет на Фондот.

Крајниот рок за поднесување кандидатури за иден генерален директор на ММФ заврши на 6 септември. Единствен кандидат е бугарската државјанка Кристалина Георгиева, која потврди дека е подготвена да биде номинирана за таа должност – се вели во соопштението.

ММФ наведува дека планира до 4 октомври да го заврши процесот за избор на нов раководител на организацијата кој ќе ја замени Кристин Лагард.