Свет 08. ноември 2020. / 12:13

Кралицата Елизабета првпат во јавност се појави со маска

Кралицата Елизабета првпат во јавност се појави со маска

Британската кралица Елизабета првпат се појави во јавноста со маска, кога присуствуваше на кратка церемонија во капелата Вестминстер на Гробот на непознатиот херој.

Во средата се одржа церемонија по повод 100-годишнината од погребот на непознат британски војник кој загина во Првата светска војна, а фотографиите беа објавени денеска.

Кралицата носеше црна маска опшиена со бела лента, а беше облечена во црно палто со црна капа. Ова беше нејзин прв јавен ангажман во Лондон од март, кога избувна пандемијата со коронавирус.

Од тогаш Елизабета Втора неколку пати е видена во јавноста, но досега не носела заштитна маска.