Припадници на Федералната управа на полицијата вчера во Калесија уапсија 60-годишен професор. Тој е осомничен дека земал мито за давање на преодни оценки на учениците од средното училиште.
Професорот е уапсен спорд налог на Обвинителството и тоа за време нанастава, соопштуваат тамошните медиуми.
„Оосмничен е дека во подолг период, според информации со кои располагаме, во 6 наврати од родителите, учениците и посредниците барал и земал пари во износ од 50 до 100 евра за преодна оценка. Станува збор за ученици кои од неговиот предмет требало да имаат заклучена негативна оценка на крајот од учебната година, а тој им нудел и давал позитивна во замена за пари“, вели Адмир Арнаутович, портпарол на Обвинителството.