Свет 25. март 2020. / 09:38

Корона вирусот за 24 часа однесе досега рекордни 89 жртви во Велика Британија

Корона вирусот за 24 часа однесе досега рекордни 89 жртви во Велика Британија

Рекордни 89 лица починаа од корона вирусот за еден ден во Велика Британија. Наложените строги мерки за социјално дистанцирање, меѓуто, по се изгледа не се почитуваат, зашто многу луѓе отидоа на работа и во текот наљ вчерашниот ден, оптоварвувајќи го градскиот превоз, кој е ограничен.

Бројот на жртвите од корона вирусот во Обединетото кралство достигна 424. Министерот за здравство Мат Ханкон изјави дека на работа можат да одат само оние, кои не можат работните обврски да ги исполнуваат од дома. Но, со тоа не беше објаснето во која група спаѓаат градежните работници, кои и натаму продолжуваат да одат по објектите во градба.

Според Ханкон, тие можат да работат и притоа е доволно да се на два метри растојание, што многумина го протолкуваа како неодговорно однесување. Самите градежни работници изјавија дека не можат да остан дома, зашто нема да им биде платено. Околу 5.000 вработени во сообраќајната полиција беа распоредени по метро-станиците и по станиците во Лондон за да ги потсетуваат граѓаните дека треба да патуваат само ако тоа е апсолутно неопходно.

Ханкок повика 250.000 доброволци за помош на здравствениот сектор. Околу 11.000 бивши медицински лица се вратија да помогнат, а 24.000 студенти од последната година на студиите по медицина исто така ќе помагаат во болниците.

За жал, истовремено се појавија и информации дека многу лекари се подготвуваат да се откажат од новиот ангжман, зашто се изложуваат на голем ризик поради недостиг на соодветни заштитни средства.