Свет 29. ноември 2019. / 21:30

Корбин: Затекнат сум од шокантниот инцидент на Лондонскиот мост

Корбин: Затекнат сум од шокантниот инцидент на Лондонскиот мост

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека е затекнат од денешниот „шокантен“ инцидент на мостот во Лондон и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивната брза реакција.

Британската полиција денеска соопшти дека убила маж кој прободел неколку лица на мостот во Лондон и нападот го третира како терористички чин, пренесува Би Би Си.

– Шокантен извештај од Лондонскиот мост. Моите мисли се со оние кои се погодени во овој инцидент. Благодарност на полицијата и службите за реакцијата, напиша Корбин на Твитер.

Полицијата претходно соопшти дека се повредени неколку лица. „Телеграф“ јави за шестмина повредени, од кои најмалку тројца во животно-загрозувачка состојба.

Според новинар на Би Би Си едно лице со нож нападнало неколкумина на мостот, кои се обиделе да го совладаат. Потоа пристигнала полицијата и испукала неколку куршуми.

Лондонската Итна служба соопшти дека настанот го оквалификувала како „голем инцидент“ и оти неколку тимови излегле на терен.