Марихуаната за рекреативна употреба ќе стане легална во државата Илиноис од 1 јануари 2020 година. Луѓето над 21 година ќе можат легално да купат до 30 грама цвет од марихуана, 5 грама концентрат од марихуана или 500 грама производ THC, како колачиња, во лиценцирани продавници во таа држава.
Потрошувачите на канабис за новогодишната ноќ се очекува да се соберат во неколку лиценцирани продавници низ Чикаго, најголемиот град во Илиноис.
Во северниот дел на градот, сопственикот продал билети во вредност од 250 долари на луѓе кои сакаат да бидат на почетокот на редот, кога продавницата ќе се отвори во средата рано наутро.
„Целото соседство се придружува. Тоа ќе биде нов свет во Чикаго на 1 јануари. Илиноис им се придружува на другите десет држави и на Вашингтон Д.Ц., каде мало количество од оваа дрога е легално за возрасни.
Медицинската марихуана е легална во Илиноис од 2014 година. Гувернерот на Илиноис, демократот Ј.Б. Прицкер во јуни потпиша закон со кој се дозволува отстранување на околу 700.000 обвиненија за поседување марихуана и досиеја за нејзина употреба.
Приватната продажба, возењето под дејство на марихуана и консумирање на марихуана во јавноста остануваат забранети во Илиноис.
Оваа мерка се очекува да донесе повеќе од 57 милиони американски долари во федералниот буџет во фискалната 2020 година, почнувајќи од 1 јули, според Министерството за финансии на Илиноис.