Канада одлучи термините „татко“ и „мајка“ да ги замени со „родител“ во сите службените формулари, а има намера да ги исклучи од употреба и термините од „господин“ и „госпоѓа“, освен ако некој лично не го побара тоа.
„Канадаската влада одлучи да стави неутрален род на службените обрасци“ – рече Матју Филион, портпарол на министерството за семејство.
Таквата одлука е донесена бидејќи досегашните формулари не се прилагодени на денешните прилики“ – објасн Филион
Целиот случај започна во јануари кога хомосексуален пар во Нова Шкотска сакале да извадат социјално осигурување за нивното дете кога требало да напишат кој е татко, а кој е мајка.
Од сега ќе се бараат само имиња на родители.
Кога станува збор за пишани документи, канадската влада нема веќе да почнуваат со „Господине“ или „Госпоѓо“.
„Повеќе нема родови, писмата едноставно ќе се праќаат на име на личноста“ – рече Филион
Во телефонските разговори, вработените во државните институции ќе почнуваат разговорот со прашање како сака личноста со која разговараат да им се обраќаат, објаснува портпраролот.
Што мислите како би било доколку тоа се случи кај нас?