Свет 04. ноември 2020. / 13:12

Јанша му ја честита победата на Трамп

Јанша му ја честита победата на Трамп

Словенечкиот премиер Јанез Јанша му честита на Доналд Трамп за она што го опиша како очигледна победа на претседателските избори во САД, станувајќи прв европски лидер кој го направил тоа.

-Доста е очигледно дека американскиот народ им доверил уште еден четиригодишен мандат на Доналд Трамп и Мајк Пенс. Колку повеќе меинстрим медиумите ги одложуваат и негираат фактите, толку ќе биде поголема победата на Трамп. Честитки за одличните резултати низ целата земја, напиша Јанша на Твитер.

Тој се огласи набргу откако Трамп одржа прес-конференција во Белата куќа, на која што прогласи победа на изборите, иако трката е тесна и во некои клучни сојузни држави сѐ уште се бројат гласови. Трамп притоа го повика Врховниот суд да го прекине броењето гласови и ги обвини Демократите дека сакаат да му ја украдат победата. Кампањата на Бајден ова го нарече „невидено, без преседан и неточно“ и најави дека ќе се бори против сите напори на Трамп за Врховниот суд да го прекине броењето на гласовите.