Свет 17. август 2018. / 12:13

Ја обиколија Македонија со велосипеди, па беа убиени во Таџикистан

Ја обиколија Македонија со велосипеди, па беа убиени во Таџикистан

Двајца од седумчлената група велосипедисти кои минатиот месец беа нападнати во Таџикистан ја возеле земјава речиси еден месец во периодот во мај годинава. Американскиот млад пар Џеј Остин (29) и Лорен Геогеан (29) водеа блог за нивното патување и идејата да го обиколат светот на велосипеди.

Тие тргнаа од идеолошка причина да покажат дека сите луѓе во светот се добри, но за жал не ја потврдија нивната замисла.

Лани од Вашингтон ДЦ, Двајцата си дадоа отказ со образложение дека животот им поминува во канцеларија, а пропуштиле многу убави заоѓања на сонцето и многу природа низ светот.

На нивните профили на Инстаграм и на блогот кој го водат споделувале фотографии од убавината на Македонија.

 

Tortoises: the only thing on the road slower than us. ??⌛⏳⌛?

A post shared by Jay Austin (@simplycycling) on

-Убавите ридови во Македонија! Ги обожаваме овие фотографии – пишуваат тие под фотографиите кои ги објавувале на Инстаграм.

Полицијата во Таџикистан информираше дека странски велосипедисти загинале, откако во нив намерно удрило возило, со што тие најверојатно биле цел на терористички напад.

Седумчлената група велосипедисти од САД, Швајцарија, Холандија и Франција биле прегазени на 29 јули во рурален дел од земјата, околу 90 километри југоисточно од главниот град Душанбе.

Првичните информации беа дека групата била прегазена од возач кој потоа побегнал од местото на настанот, но полицијата денеска информираше дека по ударот врз нив, напаѓачите проболе еден од велосипедистите со нож.

 

The hills of Macedonia were both very plentiful and very pretty. ↗️?️

A post shared by Jay Austin (@simplycycling) on

Поради тоа случајот се истражува како терористички напад или обид за грабеж.

Таџикистанската полиција убила еден од осомничените напаѓачи, уапсила уште еден, а по тројца се трага.

Владата на Таџикистан ја обвини забранетата исламистичка партија за нападот од 29 јули.

Повикувајќи се на признанието на еден од уапсените осомничени, министерството за внатрешни работи на Таџикистан објави дека лидерот на напаѓачите поминал обука во Иран.

Владата во Душанбе ја забрани реконструкцијата на Исламската партија за обнова на Таџикистан во 2015 година обвинувајќи ја за обид за државен удар. Партиските лидери кои сега живеат во егзил ги отфрлија обвинувањата и рекоа дека целта на мерките преземени против нив и да се зацврсти власта на Имомили Рахмон. Претходно, од партијата испратија порака на сочувство до семејствата и државите од кои што беа жртвите.