Свет 16. јули 2019. / 21:52

Извршната директорка на ММФ поднесе оставка

Извршната директорка на ММФ поднесе оставка

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард поднела оставка на таа функција, две недели откако е предложена за нова директорка на Европската централна банка.

Таа рекла дека оставката, која стапува на сила на 12. септември, ќе го забрза изборот на нејзин наследник, пренесува Ројтерс.

-Со голема сигурност кога станува збор за процесот на мое именување за претседателка на ЕЦБ и време кое за тоа е потребно, донесов одлука во најдобар интерес за ММФ, навела Лагард во соопштението.

Именувањето на Лагард треба да го одобри Европскиот парламент.