Едно лице е убиено, а две се повредени во напад со нож во предградието на Париз, пренесе Ројтерс.
Полициските извори навеле дека напаѓачот е „неутрализиран“.
Двете лица се здобиле со тешки повреди, а деталите за нападот засега не се познати.
Телевизијата БФМ известува дека напаѓачот извикал „Алак акбар“ и ги нападнал минувачите. Како што пренесува АП, мажот се затворил дома откако го извршил нападот, а подоцна полицијата го убила.