Свет 21. јануари 2020. / 09:25

Извештајот потврди: Две ракети биле испукани кон соборениот украински авион

Извештајот потврди: Две ракети биле испукани кон соборениот украински авион

Две ракети беа испукани во правец на авионот „Боинг 737“ на украинската авиокомпанија „Украински меѓународни линии“, соборен во близина на Техеран на 8 јануари од страна на иранските ВВС, потврди прелиминарсниот изештај од истрага на Иранската организација за цивилно воздухопловство.

„Инспекторите добија пристап до информациите на Генералштабот и открија дека биле истрелани две ракети М1-ТОР од север во правец на авионот“, се вели во извештајот.

„Ефектот од тоа лансирање на ракетите врз инцидентот со авионот и анализата на тие активности е во процес на истрага“, се вели во извештајот.

Иран призна за уривањето на авионот на 11 јануари. Тогаш началникот на корпусот на Исламската револуционерна гарда, Амир Али Хаџизаде, презеде целосна одговорност за инцидентот, но рече дека станува збор за само една ракета со мал дострел што била истрелана на 8 јануари во правец кон авионот.

Иран, во меѓувреме, соопшти дека побарал од САД и Франција опрема за информациите од црните кутии на украинскиот авион. Техеран изјави дека се уште не добиле позитивен одговор на барањето.

Барањето е упатено до Националната служба за безбедност на транспортот на САД и до француското Биро за истраги и анализи, соопшти Иранската организација за цивилно воздухопловство.