Свет 20. јуни 2018. / 09:43

Израелската армија нападна позиции на Хамас

Израелската армија нападна позиции на Хамас

Изреалската армија денеска соопшти дека нејзини борбени авиони погодиле 25 позиции на Хамас во Газа откако Палестинците истрелале десетици ракети и гранати врз израелска територија.

Врз Израел утрово биле истрелани 45 ракети и гранати, од кои израелската армија пресретнала само седум.

Некои од ракетите експлодирале на територија на Израел.

Нема повредени лица ниту во Газа ниту во Израел.