Во напад извршен во појасот Газа, израелските сили го убиле врховниот командант на палестинската милитантна група „Исламик џихад“, која е поддржана од Иран, на што екстремистите одговорија со ракетирање на израелски градови, вклучувајќи го и Тел Авив.
Израелската војска соопшти дека во воздушниот напад е убиен командантот Абу ел Ату во неговата куќа во појасот Газа, што е потврдено и од екстремистичката група.
Сириските медиуми објавија дека израелските безбедносни сили гаѓале и станбена зграда во Дамаск, во која живее вториот командант на „Исламик џихад“, Акрам Екл Аџури, при што загинале две лица, но се уште не се знае дали меѓу жртвите е и еден од неговите синови.
Поради овие напади палестинското движење Хамас вети дека ќе се одмазди, нагласувајќи дека Израел „ќе има последици поради овој опасен напад и ескалациите“.
Во утринските часови се слушнале сирени во сите градови на Израел, а училиштата во јужниот и централниот дел на земјата денеска ќе бидат затворени. На граѓаните им е препорачано да останат во своите домови, да не одат на работа, а отворени се и засолништата