Свет 03. јули 2019. / 09:13

Избран составот на новата Европска комисија

Избран составот на новата Европска комисија

На вонредниот самит европските лидери конечно се договорија кој ќе ги води европските институции во наредните пет години.

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен е именувана за претседател на Европската комисија, на местото на Жан Клод Јункер. За да биде избрана предлогот мора да биде поддржан од 751 член на Парламентот. Таа е блиска соработничка на канцеларката Ангела Меркел и ако одобри Европскиот парламент, ќе стане прва жена претседателка на ЕК.

На чело на Европскиот совет, на местото на Доналд Туск би требало да застане белгискиот премиер Шарл Мишел. Информацијата ја потврди Туск, досегашниот претседател на Твитер.

Шеф на дипломатијата на местото на високата претставничка Федерика Могерини би бил шпанскиот министер за надворешни Џосеп Борел.

Претседателката на ММФ Кристин Лагард е предложена за шеф на Европската централна банка.