Редоин Фаид (46), осуден на казна затвор од 25 години, избега од затворот Ро, во јужниот дел на Париз
Во Франција во тек е голема потрага по затвореник кој избега со хеликоптер, што во дворот на затворот во Париз го спуштиле тројца вооружени лица вчера, пренесува Anadolu Agency (AA).
„France Info“ (Франс Инфо), објави дека Редоин Фаид (46), осуден на казна затвор од 25 години, избегал од затворот Ро, во јужниот дел на Париз, во текот на вчерашниот ден.
Вооружените лица првин фрлиле димна бомба, а потоа успеале да му овозможат бегство на Фаид.
По само неколку минути, хеликоптерот го напуштил просторот над затворот и се упатил кон северните делови на градот. Хеликоптерот по речиси едночасовна потера е пронајден запален во близина на аеродромот „Шарл де Гол“.
Вооружените лица го ослободиле киднапираниот пилот и со црн автомобил се упатиле кон автопатот А1. Фаид и неговите помагачи во предградието Олне су Боа го промениле возилото, по што им се губи трага.
Редоин Фаид, некогаш прогласен за непријател број еден на Франција, избега од затворот Ро за помалку од 10 минути.
Премиерот на Франција, Едуард Филип, соопшти дека 2.900 припадници на безбедносните сили го бараат Фаид.
„Овој пат, полицијата е целосно мобилизирана за да го уапси тоа лице“, изјави денес Филип за француското радио RTL (РТЛ).
Додаде дека знае оти ситуацијата е опасна и дека мобилизацијата на овој затвореник е итна. Тој, исто така, призна дека ваквото бегство ја доведува во прашање сигурносната ситуација на затворите.
Министерката за правосудство, Никол Белубе, која синоќа го посети затворот во Ро, рече дека помагачите на Фаид најверојатно користеле беспилотни летала за да ја истражат локацијата, а истрагата која е во тек ќе обезбеди повеќе информации.
Белубе, исто така, рече дека властите ги бараат недостатоците во системот за безбедност што им овозможил на луѓе, што биле добро вооружени, да слетаат со хеликоптер во дворот на затворот и да одлетаат со Редоин Фаид.
Фаид, кој учествувал во голем број криминални активности, е осуден на 25 години затвор поради пљачка во 2010 година и поради убиство на полицаец. Неговиот живот и грабеж, исто така, се опишани во книга. Ова не му е прво бегство од затвор. Имено, на 13 април 2013 година, избега од затворот Лиј Секеден, а беше фатен во хотелска соба на 29 мај.