Свет 20. август 2019. / 16:47

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка

По жестокиот напад врз коалицискиот партнер Матео Салвини, италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека дава оставка. Конте рече дека Салвини бил „неодговорен“ и создал нова политичка криза за Италија за „лични и партиски интереси“.

Салвини, лидерот на националистичката партија Лига, поднесе предлог за гласање недоверба против Конте.

Тој рече дека веќе не може да работи со своите коалициски партнери Пет ѕвезди. Лигата и антиестаблишментското Движење Пет ѕвезди формираа владејачка коалиција пред само 14 месеци, а Конте како независен стана премиер.

Обраќајќи се денеска во Сенатот, Конте рече дека лидерот на Лига „барал изговор да се врати на избори“ по успехот на неговата партија на европските избори во мај.

На тие избори Лига се најде на врвот со 34% од гласовите во Италија, додека Пет ѕвезди освои околу 17%. Конте исто така предупреди дека Салвини ја поткопал функцијата на владата, „што тука прекинува“.

Ја користам оваа можност да објавам дека попладнево ќе му ја поднесам оставката како шеф на владата на претседателот на републиката, рече тој.