Свет 01. мај 2018. / 12:21

Италијанската полиција заплени два тона марихуана и уапси шестмина Албанци

Италијанската полиција заплени два тона марихуана и уапси шестмина Албанци

Водите на Јадранско Море и понатаму остануваат главна рута за нелегална трговија со марихуна од Албанија кон Италија.

Во акција на италијанската полиција во меѓународните води кај Саленто, запленети се два тона марихуана, а во моторниот чамец со кој била транспортирана дрогата пронајдена е и автоматска пушка “калашников”.

Уапсени се четворица албански државјани.

Доколку марихуната завршела на нарко пазарот би достигнала вредност од пет милиони евра.

Во друга акција италијанската полиција запленила килограм кокаин и уапсила брачна двојка албански државјани на возраст од 28 години.

Дрогата била откриена при рутинска контрола на сообраќајната полиција во автомобилот со кој патувала брачната двојка. Запленети се и шест илјади евра,во разни апоени.