Во пукотници во метро станицата во Кингсбери , во Лондон се повредени три лица.
Во синоќешната пукотница во метро станицата Кингсбери , во Лондон , се повредени три лица , јавуваат локалните медиуми. Полицијата соопштува дека пукотниците не се поврзани со тероризам.
Инцидентот се случил во 21.45 часот и во него се повредени три лица , се наведува во соопштението од Итната служба на Лондон.
До сега полицијата не го уапсила виновникот за несреќата.