Свет 30. април 2018. / 17:17

Исповед на една скопјанка: Во Ирска протестите се национален спорт, овој пат се шокирав зошто излегоа на улица! (Видео)

Исповед на една скопјанка: Во Ирска протестите се национален спорт, овој пат се шокирав зошто излегоа на улица! (Видео)

Луѓето имаат право да одат на протест. Во повеќето земји излегуваат на улица со причина, додека во некои тоа станува “национален спорт”, како во Ирска, – да така некако.

Во една таков, но и многу необичен протест се најде и една Скопјанка кое своето искуство го пренесе на порталот Галама.мк.

Живеам во Даблин, Ирска..

Така ја започна приказна Скопјанката која својот идентитет не го открива, познат е само на редакцијата на порталот.

– Изминатата година, негде ова време излегов да се прошетам до центарот на градот. Нешто и пазарев, па на враќање сватив дека автобусите невозат. Во далечина забалежав некоја гужва. Се заинтересирав и тргнав да видам што се случува, при што патем еден полицаец љубезно ми објасни поради граѓански протест сообраќајот ќе биде во прекин. Овде протестите не се како во Скопје. Овде и за најмала работа се собираат во Даблин, со што понекогаш помислувам дека тие луѓе живет само за да протестираат.

Како што навела, тој протест бил малку необичен. Луѓето излегле на улица поради – вода. Имено, водата во Ирска не се плаќа.

– Незнам која е причината за тоа, едноставно никој не плаќа користење на вода.

– Кога дошла новата власт, решила дека граѓаните ќе мора да плаќаат вода, но заборавиле дека Ирците се инаетчии и скржави. Кај нив владите паѓаат поради ситници, а не поради крупни прашања – плаќање вода. На куќите осамнале натписи “Несакаме да плаќаме вода”, а народот се крена на нозе. Во Даблин на протест се собираат луѓе од цела Ирска.Во очи на изборите, партиите ветиле дека водата и понатаму нема да се плаќа. Меѓутоа, партијата која имала мнозинство, но не и доволно да состави влада, најавиа дека водата ќе мора да се плаќа и дека ќе им бидат доставени сметки.<br>- Колку што мене ми е познато, ниеден Ирец не плаќал вода, освен ние емигрантите кои се плашиме од сопствената сенка.

Незадоволството на Ирците ескалирало во општ протест и блокада на целиот Даблин. Со народот застанале и останатите партии најавувајќи дека ќе направат коалиција само со оние партии кои ветиле дека водата нема да се плаќа. Така и беше. Премиерот се одрекол од праќање на сметки за вода, и после неколку месеци успеал да состави влада.

– Ирска на сметка има милијарди евра вишок, па нека прават што им е потребно. Затоа плаќаме даноци. Водата паѓа од небото скоро секој ден, а ние тоа да го плаќаме, несакаме – порачале тогаш Ирците.

– Кога во разговор со Ирците им реков дека во Македонија плаќаме вода и дека сметките се доста високи, тие со чудење ме прашаа: “Па зарем вие немате вода”. Имаме им реков, но нејзино користење мора да го плаќаме.

Неколку часа подоцна, конечно тргнав дома во Даблин среќна сто водата во Ирска скоро секој ден паѓа од небо.