Свет 24. мај 2018. / 22:08

ИСИС се заканува за Мундијалот во Русија: Ќе напаѓаме навивачи

ИСИС се заканува за Мундијалот во Русија: Ќе напаѓаме навивачи

Терористичката организација ИСИС веќе подолго време се заканува со напади на Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во Русија.

ИСИС најчесто се закануваше со ликвидација на фудбалските ѕвези и неретко се појавуваа монструозни фотографии кои покажуваа смрт на Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Сега, на ред дојдоа навивачите!

ИСИС преку своите медиумски канали во јавноста пласираше плакат на кој пишува само Русија, а на истиот е прикажано бело комбе на кое има траги од крв, па многумина заклучија дека се работи за закана за убиство на голем број навивачи со помош на моторно возило.

Иначе методот на напади со моторно возило ИСИС веќе го користеше во терористичките напади во Ница, Барселон и Лондон.

Освен комбето беа објавени и уште неколју постери.