Свет 23. септември 2018. / 13:41

Ирска на референдум ќе одлучува дали ќе се укине забраната за богохулење

Ирска на референдум ќе одлучува дали ќе се укине забраната за богохулење

Ирската Влада соопшти дека на 26 октомври ќе се одржи референдум за укинување на законот со кој се казнува богохулењето.

Бласфемијата (богохулство) во Ирска е забранета согласно член на Уставот и е казниво во таа земја. Тој закон сега се смета за застарен.

Министерот за здравство Сајмон Харис минатата година рече дека законот е „апсурден”.

Референдумот ќе се одржи истиот ден како и претседателските избори.

Во мај, ирскиот народ гласаше за укинување на забраната за абортус. Ирска, земја со силна католичка традиција, пред три години ги легализираше хомосексуалните бракови.