Свет 08. јануари 2020. / 10:17

Иран соопшти дека во нападот се убиени најмалку 80 „американски терористи“

Иран соопшти дека во нападот се убиени најмалку 80 „американски терористи“

Иранската државна телевизија објави дека во ракетниот напад на двете американски бази во Ирак, Ајс ел Асад и Ирбил се убиени најмалку 80 „американски терористи“.

Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападите, објави дека нападите врз базите биле „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф посочи дека Иран презел пропорционални мерки за самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН и врз основа на тоа од каде е извршен „кукавичкиот напад“ против иранските државјани.

– Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме од агресија – напиша Зариф на Твитер.

Пред да се соопштат податоците за евентуални жртви, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, која напиша на Твитер дека ракетите се лансирани од Иран на две воени бази во Ирак.

– Во тек е проценка на штети и жртви. Засега се е добро. Ја имаме најмоќната и најопремената војска на светот, напиша Трамп.

Иран, како што наведе Би-Би-Си, соопшти дека нападот е одмазда за убиството на генералот Сулејмани.

– Сега кога ја сфатија нашата моќ време е САД да ги повлечат своите сили од Блискиот Исток – истакна началникот на Генералштабот на иранската војска Мохамед Бакери.